Во Македонија во јули годинава имало 111.620 туристи, кои оствариле 515. 069 ноќевањата, што значи дека во просек секој преспал по пет ноќи. Според државниот завод за статистика (ДЗС) бројот на туристите овој јули во однос на истиот месец минатата година бил помал за 4.5%, а бројот на ноќевањата за 5.6%. Додека бројот на домашни туристи е во опаѓање, странците се повеќе нашата земја ја избираат како туристичка дестинација. Така, бројот на домашните туристи во јули годинава споредено со лани се намалил за 13.1%, додека странци имало повеќе за 10.3%. ДЗС соопштува дека бројот на ноќевањата на домашните туристи се намалил за 9.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи се зголемил за 7.4%.
Во Македонија во јули годинава имало 111.620 туристи, кои оствариле 515. 069 ноќевањата, што значи дека во просек секој преспал по пет ноќи.
Според државниот завод за статистика (ДЗС) бројот на туристите овој јули во однос на истиот месец минатата година бил помал за 4.5%, а бројот на ноќевањата за 5.6%.
Додека бројот на домашни туристи е во опаѓање, странците се повеќе нашата земја ја избираат како туристичка дестинација. Така, бројот на домашните туристи во јули годинава споредено со лани се намалил за 13.1%, додека странци имало повеќе за 10.3%. ДЗС соопштува дека бројот на ноќевањата на домашните туристи се намалил за 9.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи се зголемил за 7.4%.
Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа кај домашните е намален за 7.1%, а кај странските е зголемен за 11.4%. Во истиот споредбен период статистичарите регистрираат ист број ноќевања, со тоа што кај домашните туристи се намалил за 6.1%, а кај странските се зголемил за 9.7%.
Најголем дел од туристите биле сместени приватно, вкупно 33.697, додека исто така голем е бројот на корисниците на услугите во хотелите со четири ѕвездички. Таму биле сместени вкупно 18.505 туристи, од кои близу 15.000 странци, кои оствариле нешто помалку над 47.600 ноќевања.